13-годишното дете избодено со нож и претепано со палки – лекарите се борат за неговиот живот
Тринаесетгодишно дете е во животна опасност по тепачка во скопската населба Чаир, во која било нападнато со нож, објави Телма. Инцидентот се случил на улицата „Македонско-косовска бригада“.
Според информации од болнички извори, повреденото дете се наоѓа во исклучително тешка здравствена состојба.
Во пресметката, според извори од Министерството за внатрешни работи, биле вмешани пет лица, од кои четворица малолетници и едно полнолетно лице. При тепачката биле користени ножеви и безбол-палки.
Еден од малолетните учесници, роден во 2012 година, признал дека употребил нож. Сепак, истрагата треба да утврди дали токму со тој нож му биле нанесени тешките повреди на 13-годишното дете. Неговиот брат, роден во 2007 година, одбил да даде исказ.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот и утврдување на улогата на секој од учесниците во инцидентот. Според информациите, се подготвува кривична пријава за обид за убиство.
Ново на Сител
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
