Македонија
21. September 2015 - 16:52
1,5 милиони евра за чистење на коритото на Црна Река и на каналите за да се соречат поплави
За санирање на штетите од големите поплави кои ја зафатија Пелагонија на почетокот на минатата година Владата ќе обезбеди 1,5 милиони евра. Лани се исчистени канали во должина од 142 километри, а годинава дополнително ќе интервенира на уште 28 канали долги 85 километри. Паралелно механизацијата работи и на расчистување на речното корито на Црна Река.
Во меѓувреме земјоделците кои претрпеа штети во поплавите ја добиваат ветената помош од државата. Досега се обештетени 2220 лица во 13 општини. Досега за оваа намена исплатени се 144,4 милиони денари.
Премиерот додаде дека процесот на обештетувањето продолжува. Како ќе доаѓаат проценките од комисиите истите ќе се обработуваат, по што земјоделците ќе добијат пари за претрпената штета.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
