Македонија
8. March 2026 - 16:34

150 македонски државјани се враќаат вечерва од Дубаи

150 македонски државјани вечерва се враќаат од Обединетите арапски Емирати. Меѓу нив најголем број се туристи кои се затекнале таму во моментот кога почна воениот конфликт на Блискиот Исток. Чартер летот е организиран од Дубаи и ќе слета на Меѓународниот аеродром во Скопје околу 21 часот. Ова е првиот од трите чартер летови кои Владата ги договори за нашите граѓани кои побараа помош во дипломатските претставништва. 

Фитнес инструкторот Марио кој живее и работи во Дубаи вели дека не е меѓу првата група патници кои се враќаат вечерва бидејќи приоритет биле семејства со деца и туристи.  

- До среда ќе бидат реализирани уште два лета со комерцијален авион. Со нив ќе бидат вратени останатите 400 македонски државјани кои се пријавиле од Емиратите, 89 од Катар, 15 Бахраин, и 5 од Саудиска Арабија. 
Авионите ќе полетаат од Ријад како најбезбедна точка во овие кризни подрачја. До таму се организира спроведување на патниците по копнен пат. Од Владата рекоа дека со овие комерцијални летови ќе бидат вратени и странски државјани, за кои државите од регионот побарале помош од владата.  

Досега се вратени петмина македонски државјани кои побарале да бидат евакуирани од Израел. За нив беше организиран транспорт до Египет, од каде беа преземени и со владиниот авион се вратија во Скопје.