Македонија
27. October 2026 - 16:37

Второ убиство во Ѓорче Петров

Во оваа куќа во скопско Ѓорче Петров утрово е пронајдено безживотно тело на 76-годишна жена. Телото со видливи траги од насилство го пронашла нејзината ќерка која веднаш пријавила во полиција.

Соседите кои не сакаа да зборуваат пред камера велат жената 3 години живеела сама, а последен пат ја виделе вчера. Во текот на ноќта пак ниту слушнале ниту забележале нешто невообичаено.

Телото е предадено на обдукција, а од МВР работат на расчистување на случајот.

Ова е второ убиство во Ѓорче Петров во последните 5 дена. Минатата недела МВР информираше дека 62-годишен маж со траги на насилство бил пронајден во сопствениот дом. Неофицијално, за двете убиства е приведено едно осомничено лице, но засега без детали за мотивити, ниту како убиствата се поврзани.