17 часа пенисот му бил заглавен во окаст клуч: Не можеле да му помогнат доктори и пожарникари, па повикале стоматолог

Еден маж во Кина (37) го заглавил својот полов орган во окаст клуч , а бидејќи доктори и пожарникари не можеле да му помогнат повикан е стоматолог.
Несреќниот случај се случил пред неколку месеци, а сега на социјалните мрежи почнале да кружат фотографии.

Пред да му помогне стоматолог со посебна мала брусилка, поминале 17 часа, пишува Дејли Меил.
Мажот од Линхаи во кинеската покраина Зејианг, најпрво сакале да го оперираат за да му го намалат крвниот притисок пред да му го отстранат клучот. Наводно за овој чекор тие го повикале неговото семејство, тие се согласиле но не се појавиле во болница за да го потпишат документот.

Докторите повикале пожарникари со брусилка, но не смееле да ја употребат. Тогаш на помош повикале стоматолог, чија брусилка имала регулатор за ладење, поради што металниот алат не се загревал. По 30 минути работа клучот успешно е отстранет.


Ново на Сител
-

АФД со предност од 10% преку ЦДУ/ЦСУ на федерално ниво
-

Преглед на вестите од светот
-

Урбан Драјв Фестивал на Мото Илинден за поголема безбедност на моторциклистите
-

Тема на денот со Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Реакции на посетата на Фон дер Лајен
-

Бугарија ги пречека останките на Цар Самоил со државни и воени почести
-

Горивата поевтинуваат од следната недела, се преговара со ОКТА за дополнителен попуст
