Македонија
3. October 2026 - 16:31

Реакции на посетата на Фон дер Лајен

Бугарското МНР се уште се нема одзвано на поканата за билатерална средба што им ја испрати министерот Муцунски. Посоветувани од шефицата на Европската Комисија, да се сретнат со бугарските колеги, нашите власти уште вчера испратија покана. Премиерот Мицкоски, очекува да има позитивен одговор, а доколку нема, тогаш би се потврдиле грижите кои ги има Македонија поврзани со источниот сосед. 

Мицкоски вчерашната средба со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, ја оцени како исклучително пријателска и корисна. Охрабрувачки се пораките дека испораките на македонската Влада се најдобри во регионот, меѓутоа премиерот е незадоволен што на масата стои промената на Уставот. 

Фон дер Лајен потврди дека македонскиот јазик, идентитет и култура не се загрозени и се добредојдени во Европската Унија. Мицкоски го блокира процесот бидејќи се плаши од европскиот правосуден систем, велат од СДСМ. Затоа сега ЕУ веќе не го третира проблемот со Бугарија на европско ниво, туку не остави во рацете на официјална Софија, сметаат од опозициската партија. 

Шефицата на Европската Комисија ја заврши балканската тура во Скопје, со порака дека без уставните измени Македонија не може да го откочи европскиот пат. Новиот развој во односите со Бугарија доаѓа по барањата на нашата Влада, Брисел поактивно да се вклучи во надминувањето на спроот со Бугарија. 

Мицкоски за следниот месец најави средби во Брисел, со еврокомесарката за проширување Кос, а ќе присуствува и на регионалниот самит за Западен Балкан.