АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа – Македонски криминалци подготвувале атентат во Грција
Терористичка група од македонски државјани подготвувала атентат врз лице во Грција.
Кој бил целта, дали станува збор за јавна личност или за лице од криминалното подземје, безбедносните служби засега не откриваат.
За подготовка на терористичкиот напад осомничени се шест македонски државјани, од кои петмина се веќе приведени, а по шестиот се трага бидејќи не е во државата.
Според АНБ, групата дејствувала по директни насоки на ирански државјанин, поврзан со познат ирански наркобос.
Се сомневаат дека соработувал и со иранските разузнавачки служби.
Иако разоткриената мрежа дејствувала од Македонија, од безбедносните служби велат дека таргет не се лица од нашата држава, односно немаат информација дека било какво нешто се подготвува на територија на Македонија.
Операцијата траела околу 10 месеци, соопшти директорот на Биротот за јавна безбедност, Јанев.
Уапсените, кои се од криминалното подземје во Македонија се од Скопје и Куманово.
При акцијата е одземено и огнено оружје и муниција, за кои немале дозвола.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
