Македонија
17. November 2026 - 16:56

Сиљановска: Мора да преземеме нешто против насилството врз жените

Претседателката е загрижена од степенот на непочитување на женскиот живот.

По серијата случаи на насилства и убиства на жени, таа бара поголема координација меѓу жените кои се на позиции од кои може да се промени нешто.

Од СДСМ побараа итно ставање на дневен ред на измените на законот за заштита на жените од насилство кој како што велат стои во собрнаиската архива повеќе од 3 месеци.

Побараа и оставка од министерот Тошковски

За владејчакта ВМРО-ДПМНЕ повикот на СДСМ за организација на протести за насилството врз Сара е политичко лешнираство.

- Повикот за протест е повик да се политизира целиот настан за да има крвави политички поени за Венко Филипче. А Филипче пет пари не дава ниту за повреденото девојче ниту за неговото семејство. Ако беше поинаку, тогаш СДС ќе се однесуваше достоинствено, а не како лешинар. Ова нивно однесување се повторува. Впрочем, нивното лешинарење започна уште од времето на злоупотребите на смртта на Мартин Нешкоски, малечката Тамара, децата кај Смилковско Езеро, Никола Младенов. Венко Филипче со Зоран Заев има историја на злоупотреби и лешинарење на политичката сцена само за да дојдат на власт, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Спроед дневните билтени на МВР, само во последните десетина дена полицијата реагирала по пријави за неколку десетици случаи на насилство врз жени.