19-годишен мотоциклист загина во сообраќајка во Скопје

Деветнаесетгодишен мотоциклист им подлегна на повредите здобиени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на крстосницата од булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“ во Скопје.
Како што информираат од МВР, во несреќата учествувале патничко возило „ауди а4“ управувано од Н.Х.(31) од село Визбегово и два мотоцикла – „бмв“ управуван од М.Ф.(19) и „хонда хдв“ управуван од Н.Б.(21), двајцата од Скопје.
Мотоциклистот М.Ф. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде подоцна починал.
По наредба на јавен обвинител, возачот на автомобилот е лишен од слобода, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
Од Јавното обвинителство денеска информираа дека се издаваат наредби и насоки за расчистување на настанот.
- Извршен е увид на лице место, се издаваат наредби и насоки за расчистување на настанот. Обезбедени се снимките од видео надзор а едно лице е задржано и се постапува - велат оттаму.
МИА
Ново на Сител
-

Вештачката интелигенција, помош или опасност за младите
-

Владата викендот ќе одлучува дали ќе продолжат мерките за горивата
-

Преглед на вестите од светот
-

Денеска се одбележува Задушница, споменот на починатите
-

Нов пристап за стручни кадри во Штип
-

Обуки за спасители на вода
-

Левица бара интерпелација за министерот Панче Тошковски
-

Започна судењето за апелациониот судија Ѓоко Ристов, кај кого беа најдени 350.000 евра
