20-годишна добитничка на лотарија одби еднократна исплата од 1 милион долари – избра да добива по 1.000 долари неделно до крајот на животот

Дваесетгодишната Бренда Обен-Вега од Канада донела необична одлука откако освоила главна награда на лотарија. Наместо веднаш да добие еден милион канадски долари, таа избрала да прима по 1.000 долари секоја недела до крајот на животот.
Младата девојка од Монтреал ја освоила наградата на лотариската грепка „Gagnant à vie“ („Добитник доживотно“), која на добитниците им нуди две можности – еднократна исплата од милион канадски долари или доживотна неделна исплата од 1.000 долари.
Како што соопштила канадската лотарија „Loto-Québec“ во јули 2025 година, Бренда се определила за втората можност, со што си обезбедила редовни приходи до крајот на животот.
Со ваквата одлука, таа ќе добива 52.000 канадски долари годишно. За нешто повеќе од 19 години вкупната сума ќе достигне еден милион долари, но исплатите нема да престанат тогаш, туку ќе продолжат сè додека е жива.
Доколку прима пари во следните 40 години, вкупно би добила околу 2,08 милиони долари, додека за 60 години сумата би достигнала приближно 3,12 милиони канадски долари.
Според правилата на лотаријата, исплатите се гарантирани најмалку 20 години. Доколку добитничката почине пред истекот на овој период, преостанатите гарантирани исплати ќе им припаднат на нејзините законски наследници.
Бренда открила дека една од нејзините желби е да купи сопствен дом, а редовните неделни исплати ќе ѝ овозможат полесно да ја планира својата финансиска иднина.
Нејзината одлука повторно привлече внимание на социјалните мрежи, отворајќи дискусија за тоа дали е поисплатливо веднаш да се земе милион долари или да се избере сигурен неделен приход до крајот на животот.
Ново на Сител
-

Неуспешен тест на „СпејсЕкс“ со ракетата „Старшип“, првиот сегмент на ракетата заврши во морето
-

АХВ: Почна дистрибуцијата на вакцините за болеста сипаници кај овци и кози до ветеринарните друштва
-

Николоски: Делницата Извор-Врбјани наскоро во функција, автопатот Кичево-Охрид до мај целосно завршен
-

Од утре задолжително поседување зимска опрема за возилата
-

Куба се подготвува за можна воена агресија, изјави претседателот Дијаз-Канел
-

САД ја укинаа забраната за летови, се очекуваат доцнења
-

Трамп ќе се сретне со Путин и Шји следната седмица, потврди Белата куќа
-

„Мајкрософт“: Обновени услугите на „Тимс“, „Аутлук“ и „Копилот“ по глобалниот прекин
