Куба се подготвува за можна воена агресија, изјави претседателот Дијаз-Канел

Кубанскиот претседател, Мигел Дијаз-Канел, изјави дека земјата се подготвува да одговори на можна странска воена агресија, откако американскиот претседател Доналд Трамп даде изјави што беа протолкувани како закана за Куба.
„Решени сме да го одбиеме секој обид за странска воена агресија врз нашата земја“, изјави Дијаз-Канел, нагласувајќи дека Куба е мирољубива држава и не претставува закана за националната безбедност на САД.
Трамп неодамна, одговарајќи на прашање дали би размислил за воена интервенција за „ослободување“ на Куба, изјави: „Сакам да ја завршам работата со Куба пред да си заминам“. Тој ја опиша земјата како држава во многу лоша состојба.
Кубанскиот претседател ги критикуваше изјавите на американски политичари за можни воени дејствија против Куба, без директно да го спомене Трамп. Изјавата ја даде за време на одбележувањето на Националниот ден на одбраната, на кое присуствуваа високи воени претставници и функционери на Комунистичката партија.
Куба редовно одржува воени вежби и активности за подготовка на цивилното население за одбрана, особено по американската воена операција во Венецуела во јануари, при која беше уапсен претседателот Николас Мадуро и одведен во САД.
МИА
Ново на Сител
-

Куба се подготвува за можна воена агресија, изјави претседателот Дијаз-Канел
-

САД ја укинаа забраната за летови, се очекуваат доцнења
-

Трамп ќе се сретне со Путин и Шји следната седмица, потврди Белата куќа
-

„Мајкрософт“: Обновени услугите на „Тимс“, „Аутлук“ и „Копилот“ по глобалниот прекин
-

Вонредна ситуацијата во САД, прекинати сите полетување на авиони
-

Мицкоски на увид во градежни активности на проект за подобрување на водоснабдувањето во руралната населба Каменик во Кисела Вода
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Ѓорѓиевски по повод 13 Ноември: Да изградиме Скопје што гордо ќе им го предадеме на идните генерации
