20-годишно момче од Охрид е втората жртва во тешката сообраќајка на патот Битола – Ресен

Втора жртва од големата сообраќајна несреќа што се случи попладнево на патот Ресен – Битола на еден километар после Макази во правец кон Битола.
Се работи за момче на возраст од 20 години од Охрид.
Од СВР Битола за „Апла“ потврдуваат дека има две жртви. Според нив прво починал 52-годишен битолчанец кој живеел во Германија, додека пак во битолската болница поради тежината на повредите починало и момчето од другата кола родено во 2005 година. Според првичните сознанија, еден од автомобилите целосно изгорел.
„На 18.08.2025 во 13,09 часот случена е сообраќајна незгода на патот АЗ Битола- Ресен кај м.в.Слечиште, помеѓу патничко возило „мерцедес“ со странски ознаки управувано од 52 годишен битолчанец со место на живеење во Германија, кој починал на лице место.
Другото возило е опел со охридски ознаки во кое биле две лица на 20 годишна возраст од Охрид. Едно од двете лица родено 2005 година починало во Клиничка Болница Битола“, соопшти Сања Стаматова за https://apla.mk/
Неофицијално возилата претекнувале дури и на трета лента.
Ново на Сител
-

Убиство во Скопје: Ќерка ја пронашла мајка си мртва во семејната куќа
-

Kривична за намерно предизвикување стечај
-

Усвоени измените на Законот за јавни набавки
-

Со македонски пасош олеснето може да се патyва во 114 држави во светот
-

Играј online: Лото 7 и Џокер на Државна лотарија
-

Инстант лоз „Златна треска“ на Државна лотарија
-

Ловечка пушка, недозволени средства за лов и месо од дивеч пронајдени при претрес во Кавадарци | ФОТО
-

Макрон: Не очекувавме толку масовна мобилизација на протестите на 17 октомври
