200 ученици во прво одделение ги нема списоците за упис во штипските училишта
Во Општина Штип недостасуваат околу 200 првоодделенчиња кои од 1 септември треба да седнат во училишните клупи. На списокот кој МВР го доставил до општиниските служби евидентирани се 640 деца родени во текот на 2016–та година, а во 5-те основни училишта во градот се запишале само 361 ученик. Каде се останатите деца, во моментот никој не знае.
- Самите училишни тимови, односно, Комисијата за упис во училиштата, ќе излезат на терен, ќе ги споредат податоците, дали се дечињата овде, дали имаме промашување на уписниот рок или пак станува збор за нешто друго, изјави Соња Николова, советник за образование - ЛС Штип.
До општината се доставени 70 барања од родители чии деца според местото на живеење припаѓаат на едно училиште, но по нивна желба и лични причини бараат да бидат запишани во друго.
- Сепак бројката и со тие 70 барања достигнува некаде околу 440. Проблем се околу 200 ученици кои ги немаме моментално, додаде Николова.
За проблемот е известено и Министерството за образование и наука. Освен ОУ „Димитар Влахов“ кое ги пополни капацитетите, останатите 4 основно училишта и подрачните единици не можат да ги наполнат училниците. За општина која брои близу 45 000 жители според последниот попис, ова е енормно мал број на деца кои ќе се вклучат во образовниот процес.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар