21-годишник пронајден мртов покрај изгорен автомобил во Богданци, во возилото откриено уште едно тело

Две безживотни тела се пронајдени вчера во Богданци, едното покрај опожарен автомобил, а другото во внатрешноста на возилото.
Според информациите од МВР, вчера (3 ноември), околу 18:40 часот, жител на Богданци пријавил дека на местото викано „Ичева чешма“, во Горно Село, забележал опожарен паркиран автомобил, во чија близина имало безживотно тело.
Веднаш по пријавата, полициски службеници излегле на местото на настанот, каде што било утврдено дека станува збор за 21-годишниот В.Г. од Богданци. Екипа на Итната медицинска помош од Општата болница во Гевгелија констатирала смрт.
По локализирањето на пожарот од страна на противпожарната служба, во внатрешноста на автомобилот било пронајдено уште едно опожарено безживотно тело.
Засега не се познати причините за смртта на двете лица, ниту идентитетот на лицето пронајдено во возилото.
Ново на Сител
-

„Сестра, брат и шахта“ на Манчевски победи на Филмскиот фестивал во Токио
-

21-годишник пронајден мртов покрај изгорен автомобил во Богданци, во возилото откриено уште едно тело
-

До недела стабилно време, за викендот утринската температура под нулата
-

Поради „ретрограден Меркур“, министерката за образование во БиХ ги одложува активностите, советува и другите да го сторат истото
-

Победата на демократите ги потресе светските берзи
-

Пронајдена марихуана при претрес во Прилеп, приведено едно лице
-

„Флајдубаи“ од 1 април 2027 година повторно ќе лета на релација Дубаи - Скопје
-

Од 5 ноември исплата на средства за клиентите на АЛТА банка без платежни картички во Битола
