230 учесници на ,,Маседониан трофи‘‘ во Прилеп
За прв пат во Македонија во Прилеп синоќа се одржа спектал од светски размери. Започна 3-тиот по ред „Macedonian trophy“ кој ќе трае 3 дена, а на кој учество зедоа над 230 учесници од повеќе балкански држави. Организатор е клубот „OFF-ROAD PRILEP“. Новитет оваа година беше ноќната трка која се одржа во околината на Прилеп. Оваа атракција е вистинска реткост и за целиот Балкан.
„Подготовките траат околу 3 месеци, пред се на најдување на стаза, па потоа правење на патната книга, па завршуваме со специјалиите. Околината на Прилеп изобилува со прекрасни места. Сите специјали се природни, нема вештачко, нема копано, изобилуваме со добар терен за ваков спорт“, рече Панчо Чупаркоски, организатор на натпреварот.
Странските гости се презадоволни од организацијата на натпреварот.
„Ова е трета џипијада во Прилеп, јас дојдов пред 2 години и сега повторно сум тука, организацијата е одлична“, Братислав Милиќ, учесник од Србија.
„Оваа година собрани се двојно повеќе гости од лани што го прави поатрактиивен самиот натпревар. Многу добро се направени сите стази“, рече Љубен Динев, учесник од Бугарија.
„По втор пат учествуваме тука, многу се радуваме што повторно сме тука, се е во најдобар ред на трката“, кажа Иван Ефремов, учесник од Бугарија.
Со овој спорт Прилеп само уште еднаш докажа дека е лидер во Македонија кога станува збор за развојор на т.н. алтернативен спортски туризам.
„Капацитетот на нашиот град е толку, толку имавме хотелски сместувањата, за жал само толку можевме да обезбедиме места, а се уште имаше пријавувања. Освен хотелите ги исполнивме и приватните сместувања. Натпреварувањето ќе биде доста успешно, нас како организатори се ни е под контрола“, вели Игор Трајкоски, организатор на настанот.
Трката трае и денес во околината на Прилеп, а во недела манифестацијата ќе се одвива на спортската арена кај Лагово.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар
