Македонија
20. November 2026 - 11:08

28-годишник од Чаир го запалил автомобилот на мајка си, се заканувал дека ќе го запали и станот

Вчера рано наутро во скопската населба Чаир бил опожарен автомобил во сопственост на жена, а полицијата го уапсила нејзиниот 28-годишен син, кој е осомничен за подметнување на пожарот.

Според информациите од МВР, инцидентот се случил околу 05:50 часот, кога А.Ф. (28) од Скопје, како што се сомнева полицијата, запалил автомобил „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговата мајка.

Покрај опожарувањето на возилото, 28-годишникот се заканувал дека ќе го запали и станот во кој живеат.

Полициски службеници од СВР Скопје го пронашле и го лишиле од слобода околу 06:30 часот на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“.

Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.