Македонија
26. December 2025 - 16:30

30 ученици на долготрајно лекување, успешно го завршија првото полугодие онлајн

30 ученици кои се на долготрајно лекување успешно го завршија првото полугодие онлајн. Новото системско решение формално образование беше наменето за сите деца кои повеќе од три недели поради некое боледување биле отсутни од училиште. Преку овој систем тие можат да се вклучат во живо на наставата за време на часовите со својот клас.

Да ги користат сите материјали и задачи од наставникот, но и да биде организирана дополнителна настава доколку има таква потреба.

Невладината САНО е иницијатор на формалното обрзование за овие ученици кои се залагаат секое дете да добие соодветно образование без разлика во каква состојба се наоѓа.

За оваа цел биле обучени 166 наставници во 83 училишта.