Македонија доби подобар извештај од лани, но има уште многу задачи
Македонија доби подобар извештај од ланскиот, но има уште многу задачи. Заменик амбасадорот на ЕУ вели дека Брисел очекува да види интензивна борба со корупцијата, особено на високо ниво.
Задоволен од извештајот е и шефот на дипломатијата. Вели, дијалогот со Бугарија е подеднакво важен колку и реформскиот процес за кој очекува национален консензус.
Заменик министерот за правда најавува дека наскоро ќе биде донесен и новиот Кривичниот законик како една од главните забелешки на ЕУ и во овој и во изминатите извештаи. Реформите ќе продолжат и во образованието, сектор кој годинава беше помеѓу најдобро оценетите.
Македонија годинава нема напредок во борбата против корупцијата која според Брисел е широко распространета. Посебно се нотираат одложувањата на постапките на корупција на високо ниво кои доведуваат до застарување на кривичните дела.
Значителен напредок Македонија има во спроведувањето на Планот за раст каде се вбројува меѓу поуспешните земји. Уставните измени и понатаму остануваат главна пречка за отворање на првиот преговарачки кластер со Европската Унија.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
