Македонија
28. October 2026 - 13:28

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 35-годишната А.М. од Крива Паланка поради сомнение дека нападнала полициски службеник додека тој извршувал службени дејствија.

Според МВР, инцидентот се случил на 9 август годинава на подрачјето на Куманово.

Против жената е поднесена пријава за кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.