-->
-->
36 годишен Црногорец „летал“ со 205 км/ч на автопатот кај Гевгелија, полицијата го уапси
-->
Полицијата уапси 36-годишен државјанин на Црна Гора, кој бил затекнат како управува автомобил со 205 километри на час на автопатот А1 во гевгелиско.
Како што информираат од МВР, на 13 јули 2026 година околу 11:09 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија извршиле контрола на сообраќајот кај селото Милетково.
При мерењето со радар било констатирано дека Д.Б.(36) управувал патничко возило „БМВ“ со црногорски регистарски ознаки со брзина од 205 километри на час, иако на делницата максимално дозволената брзина била 120 километри на час.
За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а против возачот е поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Костадиновски: Протестите за улиците во Тетово се протести против владеењето на правото
-

Преглед на вестите од светот
-

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата - избрани осум нови министри
-

Николоски и Рокас присуствуваа на промоција на нови возила за Државниот инспекторат за транспорт
-

Расте бројот на странските туристи
-

Катедралата на Кале кај Крупиште целосно откриена
-

Собранието дебатира за Владината реконструкција
-

Тема на денот со Александар Спасеновски, универзитетски професор
