Пријавувањето на соби и апартмани е законска обврска, кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“ презентирана во Дојран
Сите кои издаваат сместување имаат обврска да платат данок , ова е главната порака со која Управата за јавни приходи ги интензивира теренските активности во туристичките центри за време на летната сезона.
Преку кампањата ,,Фер туризам започнува со пријавен доход“, целта е да се подигне свеста кај сите издавачи за спречување на сивата економија, но и да се потенцира дека со меѓусебна соработка може да се создадат еднакви услови за работа за сите.
Од Општина Дојран, каде што во туристичкиот регистар се евидентирани околу 200 даночни обврзници кои нудат сместувачки единици, потенцираат дека наплатените такси и даноци се директен влог во заедницата и се клучни за развој на локалната инфраструктура.
Непријавувањето на приходите од остварениот закуп на апартмани, соби и викендици претставува прекршок, за кој е предвидена парична глоба во износ и до 250 евра.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
