Македонија
28. November 2026 - 16:33

Повторно лажни пораки за наводни сообраќајни прекршоци

Повторно зачестени пријавите од граѓани за различни видови интернет и компјутерски измами, како и измами за сторени сообраќајни прекршоци регистрирани од системот „Безбеден град“ во Охрид.На лажните пораки наведен е линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за наводен сообраќаен прекршок.

За среќа намален е бројот на граѓани кои се директно оштетени односно кои платиле на линковите кои ги добиле вели портпаролот на СВР Охрид Димоски.

Вакви  измами беа забележани и претходно уште додека траеше пробниот период за функционалноста на системот.

Од СВР Охрид посочуваат секој ваков случај  да го пријавуваат во најблиската полициска станица.