Над 1.200 лица ќе бидат потребни за изградба на автопатот Прилеп-Битола
Над 1.200 лица ќе бидат потребни за изградба на автопатот Прилеп-Битола. Конзорциумот Бехтел и Енка кој што ја гради оваа делница од Коридорот 10Д денеска во Прилеп одржа саем за вработување каде потенцираше дека им се потребни градежни и сообраќајни инжинери, геодети, технички и лаборантски кадар, оператори на градежни машини, возачи, квалификувани и неквалификувани градежѓи работници. Досега за изградба на коридорите 8 и 10Д Бехтел и Енка и имал вработено над 1.800 граѓани.
„Со напредувањето на изградбата на автопатот Прилеп-Битола растат и нашите потреби од работна сила. Нашата желба е што поголем број од овие работни места да бидат пополнети со луѓе токму од овој регион. Авој автопат претставува знчајна инвестиција во инфраструктурата, но наследството што ќе го оставуи треба да биде мнгоу повеќе од самиот пат. Тоа наследство треба да се огледа и во луѓето кои го изграадиле, во вештините што ги стекнале и во можностите шро проектот ги создал за локалните зњедници“, истакна Еш Рао, проектен менаџер на Бехтел и Енка.
Крајниот рок за изградба на автопатот е 2029 година. Досега била извршена експропријација на над 82% на трасата каде што поминува автопатот.
„Ова е многу сложен проект, иако за среќа е во рамничарски дел, меѓутоа има многу објекти, од аспект на подвозници, надвозници, мостови, по 10 до 11 од сите овие 3 видови, исто така во моментов се работи на голема дислокација на електрични водови, на телекомуникациски водови, на иригациони системи за да може да се изгради овој автопат“, додаде Коце Трајаноски, директор на ЈПДП.
„Просечна плата за 2025 година е 137.000 денари, а немаат плата под 60.000 денари, значи зборуваме за исклучително добро платени работни места и затоа сакам да ги мотивирам сите жители на Прилеп, но и на останатите околни општини како Могила, Новаци, Росоман, Кривогаштани, Крушево, Ресен, Битола, Д. Хисар, да аплицираат и да си го најдат своето работно место овде имајќи предвид дека во наредите 3 години ќе има доста интензивни активности“, кажа Александар Николоски, министер за транспорт и врски.
Се очекува в година да бидат пуштени првите 12 км. во 2028 15 км. а останатите во 2029 година.
-
Дарко Штаргоски
Сите содржини од овој новинар
