Европските либерали од Скопје ќе иницираат укинување на ветото во ЕУ
Европските либерали и официјално ја отвораат вратат за промена на правилата во Брисел – од Скопје ќе ја поттикнат иницијативата за укинување на ветото при одлучувањето за проширување. Наместо билатерални уцени и политички кочници, либералите сметаат дека одлуките за земјите кандидати треба да се носат без можност за поединечно блокирање.
Покрај битката за укинување на ветото, фокусот на конференцијата е ставен и на фазната интеграција. Анкетата на европските либерали спороведена помеѓу граѓаните од регионот покажува јасен приоритет – тие не сакаат само политички ветувања, туку конкретни придобивки уште пред формалниот влез во Унијата, пред се пристап до единствениот европски пазар и влез во Шенген зоната.
Сите овие заложби ќе бидат преточени во Скопската либерална декларација 2026, која на крајот од дведневната конференциија „Каде одиш Европо“, ќе ја усвојат регионалните и европските либерали, а потоа ќе биде доставена до Европскиот парламент.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
