364 лица во 13 градови во државата се обучуваат да станат пожарникари
Противпожарните служби од следната недела ќе се засилат со 360 нови колеги. Станува збор за лицата кои се пријавија на повикот да гаснат пожари за плата од 24.000 денари – владина мерка за крпење на дупката за недостиг од кадар.
Меѓу канидидатите за дво дневниот тренинг доминираат младите. Имаат набиена агенда, минуваат основна обука како да гаснат пожари и како да спасат човечки живот. Мерката е малку задоцнета, оценува претседателот на противпожарниот сојуз во Македонија.
Кандидатите велат дека се чувствуваат подготвени за да помогнат.
24.000 денари не беа доволно привлечни за скопјани да се пријават на повикот. Во главниот град каде беа потребни најмногу, поточно 80 – се пријавиле само педесет лица. Но, на повикот за обука се појавиле само 34.
По завршувањето на дводневната обука, кандидатите ќе бидат распоредени по територијалните противпожарни единици во државата, освен кандидатите во Скопје - кои ќе бидат распоредени во Дирекцијата за заштита и спасување.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар