Македонија
21. October 2026 - 13:47

38-годишен маж загина од струен удар додека работел на куќа во Скопје

Триесет и осумгодишен маж од скопското село Студеничани го загубил животот откако добил струен удар додека извршувал градежни работи на куќа во изградба во селото Кондово.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во СВР Скопје на 20 октомври, околу 14 часот. Мажот со иницијали М.Б. работел на објектот кога добил струен удар, по што паднал на земја. На местото на настанот пристигнала екипа на Итната медицинска помош, чиј лекар ја констатирал смртта.

По пријавувањето на случајот бил извршен увид, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Институтот за судска медицина за обдукција. Надлежните институции треба да ги утврдат околностите под кои дошло до несреќата.