Македонија
6. July 2025 - 16:29

38 воени возила ќе се користат за гаснење на пожарите во државата

Дирекцијата за заштита и спасување се зајакна со 38 воени и армиски возила за гаснење на пожарите. Станува збор за возила кои не се употребени повеќе од осум години, но со способност да се пробиваат на непристапни терени. Сите се „наоружени“ со водни пумпи со домет на водниот млаз од 25 до 100 метри.

И премиерот утрово ја набљудуваше показната вежба на Криволак. Тој вели дека со ставањето во употреба на овие возила, државата заштедува пари – а сезоната на пожари ја дочекуваме подготвени.

Дополнително, ДЗС на располагање ќе добие уште 5 Пинцгауери – теренски возила пренаменети за гаснење на пожари, со резервоари од 1.500 литри. Во моментов, има еден ер трактор, другите два властите најавија дека ќе пристигнат до крајот на јули.

На работа се вратени и двата пензионирани пилоти на ертрактори. На располагање за гаснење од воздух се и по два хеликоптери на МВР и на АРМ.