Македонија
19. јуни 2022 - 16:31

41 работник затруени во мензите на Кронберг и Шуберт

Под клуч двете мензи во Кромберг и Шуберт откако 41 вработен пријавиле дека се затруле со храна. Затворено од Државниот санитарен и здравствен инспекторат стои и на двата објекти за исхрана во фабриката во Битола. Како што велат од ДСЗИ утре ќе се знае која е причината за труењето кога ќе ги имаат анализите од земените мостри. Во четвртокот помош во дневната битолска болница побарале 30 лица а следниот ден уште 11, но не јаделе иста храна. 

-Доколку се покаже дека има причинител за посочените труења, тогаш ДСЗИ наложува мерки...тие обично опфаќаат темелно механичко чистење, дезинфекција и доколку кај некој од вработените се покаже дека е клицоносител, се отстранува од работа се до негово негативизирање, вели др. Ирина Сотирова Бухова, директор на ДСЗИ

Во втората менза 11те вработени се пожалиле на симтпоми со труење по јадење на салата, додека, пак во првиот објект за исхрана имале други оброци. Доколку причина за оваа состојба е дел од вработениот персонал или пак начинот на подготовка, може да има и судски епилог за фабриката.

-Ние поднесуваме пријава до суд, но по комплетирање на документацијата односно ако се потврди кој е причинителот за труењето, тогаш поднесуваме до основниот надлежен суд, вели Бухова.

Имајќи го во предвид фактот дека во двете мензи дневно се служеле околу 5000 оброци, од битоската болница превентивно имале и оддел доколку е голема бројката на вработени со симптоми на труење. Но од сегашните 41 ниту еден не е задржан на болничко лекување.

Поред информации на Сител, земените примероци за анализи во две лаборатории покажале присуство на бактерија, но за која точно се работи ќе се знае откако ќе завршат анализите.

Инаку според протоколите, утре 30тина вработени од објкетите за исхрана ќе одат на вонреден санитарно хигиенски преглед.