Најголемиот дел од опозициските партии прифаќаат предвремени парламентарни избори
Најголемиот дел од опозициските партии, освен СДСМ прифаќаат веднаш да се одржат предвремени парламентарни избори. Власта вели дека е подготвена за избори доколку побара опозицијата, која според нив ќе биде повторно поразена.
Левица е подготвена веднаш да оди на избори, вели пратеникот Амар Мециновиќ за Сител. Животот во државата не напредува во ниту еден поглед, напротив само се уназадува. Очекуваат голема поддршка и сериозен резултат доколку се одржат избори, особено во Скопје и урбаните средини.
СДСМ веќе финализира програма која ќе биде објавена следниот месец, меѓутоа лидерот на партијата Венко Филипче, вели дека нема да биде алиби за да се одржат предвремени избори, кои се бараат само кога ќе снема средства во државната каса.
Во албанскиот политички блок, ДУИ бара веднаш избори и ги обвини политичките опоненти и владини коалициони партнери ВРЕДИ дека никогаш ја немале довербата на Албанците и ги повикаа да прифатат да се оди на избори.
Од ВРЕДИ пак без да дадат конкретен одговор дали се подготвени за изборен процес, го обвинија Ахмети дека нема легитимитет кај албанците по поразот на локалните избори за кој не презел политичка одговорност.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
