Верници и туристи воодушевени од раскошот на храмот „Св. Константин и Елена“
Со својот раскошен изглед и впечатлива архитектура, храмот „Св. Константин и Елена“ се повеќе го разубавува центарот на Скопје. По повеќегодишна изградба, храмот го доби својот целосен изглед.
Граѓаните велат дека ваков верски објект му бил потребен на Скопје.
Денеска, на празникот Собор на Свети Архангел Михаил, храмот привлекува верници, но и бројни туристи кои не го кријат воодушевувањето од неговиот изглед и раскошната внатрешност. Сончевото саботно утро многумина го искористија да запалат свеќа и да се помолат за здравје, среќа и душевен мир.
Идејата за обновување на храмот беше актуелизирана во 2008 и 2009 година од тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Првично беше планирано црквата да се гради на плоштадот „Македонија“, што предизвика остри реакции, протести и физички судири меѓу поддржувачите и противниците на проектот.
По бурните реакции, локацијата беше променета, а изградбата на денешниот храм, во близина на Домот на АРМ, започна во ноември 2012 година.
Но, контроверзиите не завршија тука. Во јуни 2013 година, пред Општина Центар се одржаа протести поради наводите дека тогашниот градоначалник планира да ја урне црквата. Протестите ескалираа во насилни инциденти.
Изгрдбата која траеше повеќе од една децанија и поради финасиски предизвици, конечно заврши со свеченото осветување на храмот на 28 септември 2025 година од страна на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.
Денес, освен што е препознатлив архитектонски белег во центарот на градот, храмот е и место каде што граѓаните доаѓаат да најдат спокој, утеха и духовен мир.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
