Македонија
21. November 2026 - 16:35

Митрески: Наместо да ја купуваат, државните институции да си произведуваат бесплатна сончева енергија

Наместо државните институции да тонат во огромни долгови за неплатена електрична енергија, а од државата да се одделуваат милиони евра народни пари за плаќање на струјата на приватни оператори истата може институциите сами бесплатно да ја произведуваат од фотоволтаични централи.

На овој став се дел од експертите од оваа област според кои воопшто и да нема државни и општински институции кои сами си произведуваат струја и покрај неограничените сончеви капацитети. 

„Тие милионски средства додека се плаќаат на увоз од соседнит земји, кога државата би ги инвестирала дури и на одложено плаќање, како кредитирање, има многу форми на соработка со приватниот или јавниот сектор, значи тие средства би се инвестирале во нешто кое ќе обезбеди доволно енергија за нас, оваа генерација, и можеби идните генерации, затоа што панелите имаат животен век од над 30-40 години“, истакна Зоран Митрески, експерт од енергетиката.

Освен за себе овие институции би можеле да произведуваат и вишок на струја која потоа би ја продавале, а со тие при би реализирале огромен број проекти за кои сега државата нема пари. Но според законот апсурдно е што општините и нивните институции не можат да продават струја и никој со години не сака да го промени овој закон.

„Жалосно е што општините немаат право да ја продаваат таа енергија како вишак, туку можат да ја користат исклучиво од себе за себе. училиштата во летниот период имаат неколку месеци слободни, зимскиот период, викендите исто така, значи имаме хиперпродукција на енергија која што би можела да се материјализира. Но кога би се инвестирало во еден централен систем, или поединечно на сите тие објекти, проблемот со енергија би се решил децениски, на подолг период“, додаде Митрески.

Проблем било и што никој не инвестирал во мрежата за да ја прифати целата произведена енергија од сонцето, затоа што моменталниот капацитет бил скоро преблокиран.

„Значи колку имаме можност да произведуваме електрична енергија и мрежата паралелно да се гради. Меѓутоа мрежата не оди со таа брзина, додека производството може да се прави неограничено. Тоа е како автопат, ако немате автопат или држава што нема автопат нема како државата да се развива, просто и едноставно, ова е како автопат но во енергетиката во која би се третирал како таков“, цели Митрески.

Експертите бараат и што поскора целосна либерализација на пазарот за производство и продажба на струја кај нас.