42 години од смртта на Јосип Броз Тито, доживотниот претседател на Југославија
Во 18.50 минути беше прекината телевизиската програма и спикерот Здравковиќ соопшти за смртта на Јосип Броз Тито. 4 мај пред 42 години беше денот кога плачеа и млади и стари.
На погребот на доживотниот претседател на СФРЈ присуствуваа повеќе од 700 000 граѓани и 206 делегации од од 126 земји. Секоја година сирените го запираа животот во Југославија во 15.05 минути.
Јосип Броз Тито го почитуваа сите во Југоласвија а најмногу го сакаа во Македонија. Секогаш бил пречекуван со најголеми почести. Неговата последна посета во Скопје била во 1978 година.
Смрта на Јосип Броз Тито беше почетокот на крајот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. По распадот на државата за многумина Тито остана важна историска личност за други диктатор.
Доживотниот југословенски претседател починал во клиничкиот центар во Љубљана а неговиот гроб е во Куќата на цвеќето на Дедиње.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
