Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
Превозниците излегуваат на протест. Следниот понеделник пред Делегацијата на Европската Унијата, транспортерите ќе побараат промена на правила со кој им се ограничува влезот во Шенген земјите на 90, односно 180 дена во годината. Се одлучиле на мини протест 4 балкански држави кои не се чланки на ЕУ, ден пред одржување на состанокот на работната група во Брисел. Револтирани се, затоа што 7 месеци нема одговор на нивните барања.
Министерот за транспорт вели дека Владата прави напори да им помогне на мекедонските транспортери. Се надева дека со склучување на билатерални договори со земјите што се дел од шенген, ќе се надмине проблемот со кој се соочуваат превозниците.
-Гледаме генерално да ги покриеме рутите на кои македонските транспортери најчесто одат. Со Швајцарија, Хрватска и Романија веќе има договор. Работиме и со Германија и на тој начин ги покриваме земјите во кои има најголема фреквенција. Тоа е она што ние можеме да го направиме и го правиме во овој период – напомена Николоски.
-Во следниот период интензивно ќе работиме на договор со други земји. Во септември е најавена средба на високо ниво со aвстриската влада, а во октомври е најавена средба и со словенечката – изјави Николоски по посетата на Струга одговорајќи на новинарско прашање во врска со најавта за протести на македонските превозници.
Превозниците од Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина бараат да не им се бројат денови за престој, туку часови и минути, бидејќи сега со неколкуминутен транзит низ Шенген земјите им се брои како цел ден. Ако не се најде решение во Бриел на 1 септември, не ја исклучуваат можноста од повторна блокада на граничните премени, исто како во јануари годинава.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
