Македонија
22. November 2026 - 20:01

Струмичани ќе предлагаат решенија за нов изглед на плоштадот Гоце Делчев

Граѓаните на Струмица сами ќе одлучуваат како ќе изгледа во иднина градскиот плоштад Гоце Делчев.

Општината објави јавен конкурс за изработка на визуелно решение преку кој се очекува да бидат понудени идеи за уредување на централниот градски простор.

Градоначалникот Петар Јанков вели дека иницијативата произлегла од средбите со жителите, но и од нивните секојдневни реакции и предлози, меѓу другото, и на социјалните мрежи.

Целта е да се добијат идеи за поуреден и помодерен плоштад.

Јанков очекува новото решение да понуди повеќе зеленило, посовремена урбана опрема и содржини што ќе го направат плоштадот поуреден и помодерен.

Во меѓувреме, за следната година општината најавува реконструкција на делот од плоштадот во близина на Центарот за култура, каде што има највидливи оштетувања на поплочената површина.