43 заразени од западнонилска треска, откриен вирусот и кај мртов гарван во Скопје

Министерот за здравство, Сашо Клековски, информираше дека Агенцијата за храна и ветеринарство го потврди првиот случај на западнонилска треска кај мртва птица во Скопје. Во меѓувреме, заболувањето е регистрирано и кај жители на општините Центар и Чаир.
Вкупно досега се евидентирани 43 случаи на западнонилска треска, од кои 40 се потврдени, а кај три пациенти има потврда со еден тест.
„Она што е ново во однос на претходната состојба е појавата на првите случаи во Центар и Чаир. Во тек е и контрола на птиците, при што е пронајдена првата мртва птица позитивна на западнонилска треска. Станува збор за гавран пронајден во Скопје“, изјави Клековски.
Министерот им се заблагодари на граѓаните за пријавувањето на мртви птици, што, како што посочи, придонесува за подобро следење и утврдување на ризичните подрачја.
Мртвите птици ги собира Агенцијата за храна и ветеринарство, а нивното тестирање и лоцирање помагаат во проценката и контролата на ризикот од ширење на западнонилската треска.
Ново на Сител
-

Во ЕУ ќе се разговара за сомневањата за појава на чума во Сибир
-

Трамп: Никој не знае кој управува со Иран
-

Шведската полиција застрела вооружен маж пред Кралската палата во Стокхолм
-

Киев рано утрово повторно цел на руски напади со ракети и дронови
-

Седница на Судски совет, на дневен ред донесување нов Деловник за работа
-

Ведро и студено утро, преку ден сончево и топло
-

Трамп: Проблемот во Франција не се училиштата, туку исламот кој сака да ја преземе власта
-

Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител
