44-годишен затвореник преку телефон и се заканил на сопругата дека ќе ја убие кога ќе излезе од затвор

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ, насилен криминал и семејно насилство, во координација со СВР Штип и ОВР Радовиш, презема мерки и активности за расчистување на кривично дело „Загрозување на сигурноста“, пријавено против Ш.М.(44) од радовишко село.
Имено, на 11.08.2026 година, за време на издржување затворска казна за семејно насилство во затворот Штип, Ш.М. телефонски се јавил на неговата 25-годишна сопруга, при што ѝ се заканил дека по неговото излегување од затвор ќе ја лиши од живот неа и членовите на нејзиното семејство.
Полициски службеници, во координација со вработени во установата, презеле мерки и го пронашле мобилниот телефон од кој било упатен повикот, по што со лицето бил извршен службен разговор.
По целосно документирање на случајот и во координација со јавен обвинител, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Артан Груби излезе од куќен притвор, но надвор од Скопје нема да може да оди
-

Петтемина обвинители со програми за поефикасна борба против криминалот
-

ММФ ја зголеми прогнозата за раст на македонската екомонија
-

Горивата и неделава ќе се точат по исти цени
-

Преглед на вестите од светот
-

Австрија, Чешка и Словачка: Билатералните спорови да не ја блокираат интеграцијата
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

ВМРО-ДПНЕ: Зошто маршираше Филипче во Прилеп?
