55 санкции за возачи на мотоцикли, четирицикли и електрични тротинети - шест лица уапсени за “безобѕирно управување”

На 04.07.2026, во периодот од 17:00 до 23:00 часот, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведоа акциска контрола на подрачјето на Штип, со цел санкционирање на возачи на мопеди, мотоцикли, четирицикли и електрични тротинети кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
При контролата изречени се вкупно 55 мерки за сторени сообраќајни прекршоци и кривични дела. Од нив, една мерка за измината важност на сообраќајната дозвола,
една мерка за управување на моторно возило под дејство на алкохол, 35 мерки за возачи кои управуваат мотоцикл без заштитен шлем (кацига), три мерки за неистакната регистарска таблица итн..
Откриени се шест кривични дела, од кои еден сторител е малолетно лице, и истите се лишени од слобода за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“, Одземен е и еден мотоцикл за измината важност на сообраќајната дозвола повеќе од шест месеци.
За сите сторители изготвени се соодветни поднесоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Ново на Сител
-

АХВ за овчата сипаница: Доставена е информација за донација на вакцини до Европската Комисија и Република Турција
-

Осум активни пожари низ државата
-

Мицкоски: Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита за сите граѓани во државата, вклучително и за бугарската заедница
-

СВР Велес го расчисти случајот со уништување на урбаната опрема во дворот на основното училиште „Васил Главинов“ во Велес
-

Костадиновски - Шасивари: Институционалниот дијалог е клучен за унапредување на владеењето на правото
-

Мицкоски: За трипати пократок период имаме 120 милиони евра поголем раст на БДП
-

Билансот од катастрофалниот земјотрес во Колумбија достигна 314 жртви, се трага по уште стотици
-

Министерството за правда на САД тврди дека поранешниот директор на ФБИ му се заканувал на Трамп
