Македонија
30. December 2024 - 16:40

5те базени што ги гради државата ќе бидат готови до крајот на летото

Нов полуолимписки базен напролет ќе биде пуштен во употреба за учениците и граѓаните од Кисела Вода. Министерството за спорт најави дека сите 5 базени за спорт и рекреација чија изградба била во застој од три години, ќе бидат завршени до следниот септември. Вакви базени се градат во Општините Ѓорче Петров, Битола, Кичево и Штип.

Базенот се гради  во училишниот двор на основното Невена Ѓеоргиева Дуња а чини околу 47 милиони денари а ќе го менаџира општината.

Овој тип на базени е наменет за едукација, обука и пливање и како што најавија се гради по сите стандарди на ФИНА. Базенот ќе биде долг 25 метри, широк 9 метри и длабок до 120 цм.