632 осомничени и 91 компанија под истрага по падот на турската берза

Министерството за правда во Турција сомничи повеќе од 600 лица и речиси 100 компании, и блокираше средства на неколку компании и поединци за предизвикување криза и прекинување на тргувањето на берзата, објави денеска турскиот министер за правда Акин Гурлек.
„Во истрагите што ги спроведува Главното јавно обвинителство во Истанбул, а кои се однесуваат на обвинувања за организирана измама, кршење на Законот за пазар на капитал и перење пари, вклучени се 632 осомничени“, напиша Гурлек на мрежата X.
Тој додаде дека како дел од овие истраги, во 91 компанија се назначени привремени администратори, а тие компании се префрлени под надлежност на Фондот за осигурување на штедни депозити (TMSF).
„Дополнително, запленет е имотот на 181 правно лице и 551 физичко лице, а нивните банкарски сметки се блокирани. Без да се смета имот што е под привремена управа... запленети се и акции во 307 компании“, рече Гурлек во извештајот за истрагата по падот на турската берза на 16 септември поради нагло паѓање на цените на акциите.
МИА
Ново на Сител
-

Две третини од домаќинствата во Македонија се без деца, во ЕУ речиси 77 проценти
-

Најмалку 12 загинати во руски напади врз Киевскиот регион, деветмина затрупани под урнатините
-

Најтопло утрово во Демир Капија, најстудено на Попова Шапка
-

Трамп: Иран лансираше најмногу ракети и дронови досега, не грижете се, сите се соборени
-

Студенти во Јужна Кореја препишувале со AI, министерот за образование поднесе оставка
-

632 осомничени и 91 компанија под истрага по падот на турската берза
-

Облачно со дожд, на места засилен ветер
-

Девојка со скалпел се обидела да ограби 18-годишник во Скопје
