Македонија
30. September 2026 - 12:47

65-годишна велешанка прегазена од товарно возило

На 29.09.2026 во СВР Велес е пријавено дека околу 10:45 часот на крстосница од улиците „Киро Ќучук“, „Белградска“ и „Васил Главинов“ во Велес, товарно возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.С.(69) од Велес удрило во 65-годишната С.Н. од Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Н., констатирани во Општа болница Велес. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес, соопшти МВР.