Насилникот нема да смее да се врати дома 48 часа – ако ја прекрши забраната, следува кривична пријава
Кога ќе се пријави семејно насилство, полицијата ќе може да му забрани на насилникот да се врати дома во наредните 48 часа, без да се чека одлука од судот. Доколку ја прекрши забраната, кривично ќе одговара. Во тие два дена надлежните ќе одлучуваат дали против него ќе се бараат дополнителни мерки, како притвор или забрана за приближување. И досега законот предвидуваше ваква мерка, но за неа се чекаше судот да одлучи во рок од 48 часа од пријавата.
Со новите измени, целта е жртвата веднаш да биде заштитена, наместо да се чека судска одлука. Насилникот сам ќе треба да се снаоѓа каде ќе оди во тие 48 часа. Во Австрија, тие одат во посебни центри.
Електронските нараквици, треба да ги носат и жртвите, а не само насилникот, за да можат да реагираат доколку е во нивна близина. Мерката не е доразработена, вели адвокатката Чаловска, за ова треба да бидат обучени сите служби, но и да се воспостават критериуми мерката да се носи кога има сериозен ризик, за да не биде злоупотребена.
Чаловска вели, новите законски измени треба да се приоритет во Собранието, но и да се свика јавна дебата со стручната фела, за да се преицзира и надополни нивното функционирање.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
