Интензивно се работи на автопатот Охрид-Кичево
Интензивно се работи на изградбата на автопатот Охрид – Кичево, моментално се применува најновата европска директива за безбедност во сообраќајот, особено во делот на тунелите, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, додавајќи дека целата делница со сите потребни документи ќе биде пуштена во употреба до крајот на мај 2027 година.
Министерот Николоски подвлече дека од особена важност за градот е и изградбата на новата терминална зграда и модернизацијата на охридскиот аеродром, каде бројот на патници бележи значителен раст. Особено значајна е најавата за можноста Охрид да добие големи чартер-аранжмани надвор од летната туристичка сезона.
Развојот на патната инфраструктура и авионското поврзување претставуваат фундаментални двигатели на економскиот раст, регионалната интеграција и туризмот.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
