Мицкоски: Зимата ќе биде тешка - ќе сториме се за да нема големи поскапувања
Државната ЕСМ ќе понуди иста цена на струјата како и лани во обид да го заштити животниот стандард. Премиерот најави целосна реорганизација на енергетскиот систем во пресрет на зимата која доаѓа во услови не тешка енергетска криза и рекордно скапи енергенси.
За да се обезбеди поевтина струја, Владата отвора специјален граничен премин со Косово од каде планот е да се увезуваат и по 6.000 тони јаглен на ден за да може РЕК Битола да работи со 3 блока, а струја да произведува и ТЕЦ Осломеј. Бидејќи е поевтино да се произведува, отколку да се набавува струјата во функција ќе се стави и ТЕЦ Неготино до каде се планира да се носи мазут со воз од Солун за што во моментов се рехабилитира железничкиот крак кој од коридорот 10 се двои специјално за термоцентралата.
Статистичките податоци покажуваат дека просечната месечна цена на струјата во последната година е зголемена за речи си 45% а дневните просеци во ноември се за над 100% повисоки од оние во истиот месец минатата година.
Дополнителен проблем ќе биде и скапиот гас кој денеска е речи си 3 пати поскап од цената која што ја имаше во ноември минатата година. Премиерот признава дека тоа ќе извррши притисок за поскапување на парното, но се прават напори граѓаните да не добијат многу повисоки сметки
Во делот на горивата, владините мерки даваат резултати па Македонија има најниска цена во регионот и Европа. На пример дизелот во Албанија е поскап за над 50%, во Грција за преку 36% а во Србија над 30%. Македонија во моментов има и една од најниските цени на електрична енергија за домаќинствата. Во Грција струјата е двојно поскапа, околу 15% поскапа струја плаќаат Бугарите а меѓу 2 и 2,5% Србите и Албанците.
Во Македонија нова цена на струјата ќе има од 1 јануари, а претходно се очекува корекција да има и кај цената на парното.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
