Македонија
13. November 2026 - 12:27
Почнува дебатата за буџетот
Планот на Владата е догодина да собере нешто над 6,4 милијарди евра што е нешто под 6% повеќе од оваа година.
Во исто време, се планира да се потрошат речи си 7,2 милијарди евра што е околу 5% повеќе од годинава.
Разликата, или т.н. буџетски дефицит се планира да биде околу 730 милиони евра што е 3,5% од БДП.
Владата догодина планира да собере околу 6,5% повеќе пари од даноци но и да даде околу 4% повеќе за социјални трансфери и нешто под 5% за раст на пензиите.
За капитални расходи се планираат околу 660 милиони евра.
Во делот на задолжувањата, освен оние 730 милиони евра кои доаѓаат од буџетскиот дефицит, идната година треба да се вратат и долгови во висина од над 2 милијарди евра.
-
Мартин Арсов
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
