67-годишник измамен за 3000 евра од жена со која контактирал на социјални мрежи

На 22.12.2025 во 15:00 часот во СВР Тетово, 67-годишник од тетовско село пријави дека бил измамен за сума од 3000 евра од женско лице, кое се претставило дека е од Бугарија и со која контактирал на социјални мрежи. Според пријавеното, на 20.12.2025 таа го известила дека сака да купи стан во Тетово, а неколку часа подоцна му се јавила и му кажала дека на граничен прамин и заплениле 10.000 евра, сопшти МВР.
Како што е пријавено, подоцна му се јавило лице кое се претставило како командир на граничен премин и го известило дека таа треба да плати казна од 3.000 евра за да ѝ ги вратат парите. Исто така, според пријавеното, откако ги уплатил парите преку брз трансфер на три различни агенции, како што му било кажано, не можел да ги добие на телефон, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Од водите на Вардар извлечено тело на машко лице
-

Предлог-измените за пролонгирање на рокот за ДДВ за стан го поминаа собранискиот филтер
-

Државниот врв со честитка до верниците што денеска го прославуваат Божиќ
-

Снег во Пехчево и Берово, магла на Стража, Ѓавато и Крушево
-

Тејлор Свифт празнично донираше барем два милиона долари во добротворни цели
-

Гаши: Апелирам да се најде политичка волја за договор за избор на Народен правобранител
-

Петмина загинати во хеликоптерска несреќа во Танзанија
-

Иран заплени странски танкер под сомнение за шверц на гориво
