Македонија
12. April 2020 - 17:14

68 новозаразени, најмногу во Скопје, Куманово и Прилеп

Без смртни случаи и 68 новозаразени. Ова е состојбата со коронавирусот последното деноноќие во Македонија. Најмногу нови потврдени случаи има во Скопје, Куманоово, Прилеп, Струга. Вкупната бројка на заболени од Ковид–19 достигна 828 лица, а регистрирани се 34 смртни случаи.

-На прииближно 24 проценти од сите заболени им требало болничко лекување, а  повеќе од половина од сите хоспитализирани имале и други заболувања, најчесто срцеви, респираторни и дијабетес, изјави д-р Владимир Микиќ, епидемиолог во ИЈЗ.

Досега повеќе од 100 здравствени работници во земјава се заразени со Коронавирус.

И СЗО истражува зошто има толку многу заразено здравствени работници, изјави Арменд Арслани, заменик министер за здравство.

Во државата досега направени се над 8000 тестирања, но тоа не значи дека на толку лица им е земен брис зошто за некои пациенти користени се и по 3 до 4 тестови.