Македонија
2. September 2025 - 16:43

69 независни кандидати за градоначалници – 6 во Прилеп

Шестмина кандидати кои не се дел од политички партии ќе водат битка за градоначаник на Прилеп. Овој град е рекордер по поднесени независни кандидатури за водење на локалната самоуправа. Веднаш по Прилеп, петмина независни се во трка за власт во Струга и Демир Хисар, а според објавените податоци иста е бројката и за главниот град. . 

ДИК ги објави резултатите откако истече рокот за собирање на потписи и во 37 општини вклучувајчи го и градот Скопје, 69 –мина влегуваат во трка за градоначалничката функција по поднесување на собраните потписи за што им требаа само двајца потпишани. 

Освен за градоначалник, доставени се 68 иницијативи за листи на советници во 34 општини. По 4 до пет независни советнички листи има за Македонски Брод, Кавадарци, Охрид.   

- Листите на кандидати за членови на советот и листата на кандидат за градоначалник на општината, заедно со евидентираните потписи како предлог и целокупната друга документација согласно законските услови и според Упатството на ДИК за начинот и постапката за поднесување, прием и потврдување на кандидатслите листи за локални избори 2025 година се поднесуваат до ОИК до 13 септември 2025 година, до 24 часот, кои одлучуваат за потврдување на истите, пишува во соопштението на ДИК.

На 11 септември, пак, завршува увидот во избирачкиот список.