Македонија
30. October 2026 - 13:47

72-годишен Французин починал на Кадиохирургија во Скопје

На 29 октомври 2026 година, во 10:04 часот, во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на Клиниката за кардиохирургија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ починал 72-годишен државјанин на Франција, кој престојувал во хостел на подрачјето на скопската општина Бутел.

Според информациите, францускиот државјанин претходниот ден бил донесен во Клиниката во тешка здравствена состојба, но и покрај медицинската помош, починал.

По насока на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено во Институтот за судска медицина, каде што ќе биде извршена обдукција за утврдување на причините за смртта.