Loading Video...
Свет
16. јуни 2023 - 12:30

75 лица се евакуирани во текот на ноќта поради големите поплави во Србија

75 лица се евакуирани во текот на ноќта поради големите поплави во Србија.

Поради големите врнежи не престанува борбата со излеаните реки Пожарникарите-спасувачи се на терен низ целата земја. Во 35 градови и општини е прогласена вонредна состојба. Водата го однела мостот во градот Адрани кај Краљево, сообраќајот кон Чачак е во прекин. Пожарникарите и спасувачите се на терен низ цела Србија.

Така надојдениот поток Мусача во Адране однесе дел од мостот на Ибарската магистрала, па сообраќајот е во целосен прекин на делницата од Краљево до Прељина.

Потопени се населените места кон Доња Жупа, од Велика и Мала Врбница кон Александровац.

Францускиот претседател Макрон, германскиот канцелар Шолц и италијанскиот премиер Мелони му испратиле писмо на премиерот на Косово да ги деескалира тензиите на северот од државата. Писмото е со слична содржина како она кое му го испрати потпретседателот на европската комисија Борел, кое содржи конкретни барања да повлече двајца градоначалниц на северто од општинските канцеларии, да ја повлече полицијата и да распише предвремени избори. Борел организира итна средба со српскиот претседател Вучиќ и косовскиот премиер Курти која ќе се одржи  во Брисел следната недела.

Најмалку 15 лица загинаа во голема сообраќајна несреќа во близина на градот Карбери во Канада. Десетина лица со сериозни повреди со авион се пренесени во болница. Несреќата се случила меѓу камион со приколка и автобус кој превезувал повозрасни лица, со посебни потреби. Во Автобусот имало околиу 25 патници. Возачите на двете возила се живи, а причините за несреќата не се познати.

Градот Перитон, Тексас вчера беше погоден од силно торнадо, при што загинаа најмалку три лица, а околу педесет беа повредени. Од локалната противпожарна служба велат дека торнадото најверојатно уништило околу 200 куќи.

Перитон се наоѓа на северот на Тексас, во близина на границата со Оклахома и има околу 8.000 жители. Државата Тексас и околните градови испраќаат помош, а градот исто така е без струја.