-->
-->
77-годишна жена од Скопје измамена за 180.000 денари од лажно полициско лице
-->

На 30.09.2025 во 17:45 часот во СВР Скопје, 77-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 180.000 денари. Според пријавеното, телефонски и се јавило едно лице, кое се претставило како полициски службеник и и рекло дека наводно нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете кое починало и доколку не сака таа кривично да одговара, ќе треба да даде пари.
Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а откако се вратила во домот, телефонски стапила во контакт со нејзината ќерка и сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Валц во СБ на ОН: Мадуро и неговиот наркокартел ќе бидат лишени од ресурси
-

Изборот на новите министри на денешната 75. седница на Собранието
-

Ќе се разгледуваат претставки од граѓани на седница на Судскиот совет
-

Пет важни одлуки и девет иницијативи на последната седница на Уставен суд за 2025
-

Врховниот суд на САД го блокираше обидот на Трамп за распоредување на Националната гарда во Чикаго
-

Папата Лав XIV повика на еднодневно божиќно примирје низ целиот свет
-

Облачно со повремен дожд, на планините снег
-

Магла на Стража, слаб снег на Попова Шапка
